Search

Злато за Илиоски на ЕП во кик-бокс

Бобан Илиоски освои златен медал на Европското првенство во кик-бокс, кое се одржува во Анталија, Турција.

Во категоријата лоу-кик до 86 килограми, Илиоски во бората за златниот медал го совлада Христо Калајџиев од Бугарија со 3-0.

На патот до златото, Илиоски со по 3-0 ги победи Чехот Мартин Лоренц и Хрватот Борна Манојловиќ.
Ова е втор медал за Македонија на ЕП. Претходно Викторија Варадинова освои бронза.

Фото/Ipon.mk

Треба да знаете
Последни објави