Search

Ова момче е најпаметниот човек на светот

Јусуф е ученик од шесто одделение, а моментално според тестот „Менса“, е најинтелигентниот човек на светот.

11-годишното момче Јусуф Шах, според „Mensa IQ“ тестирањето, е најпаметниот човек на светот, пишува „Yorkshire Evening Post“. Шах на тестот постигнал 162 поени, што значи дека толку му изнесува и коефициентот за интелигенција, а се проценува дека Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг имале IQ околу 160.

„Сите во училиште мислат дека сум многу паметен и секогаш сакав да знам дали сум во првите 2 проценти од луѓето кои го положуваат „Менса“ тестот“, рекол ученикот од шесто одделение од Лидс за „Yorkshire Evening Post“. Шах и неговите родители одлучиле тој да се подготвува за тестот „Менса“ додека истовремено се подготвувал за приемни испити за средно училиште.

„Тежок е испитот за подготовка“, рекол неговиот татко Ирфан Шах за новинарите. „Само продолживме да работиме тоа што обично го работиме – ништо специфично за тест за интелигенција. И натаму му велам дека јас сепак сум попаметен од него. Ние тоа не го сфаќаме многу сериозно. Дури и ако си талентиран, мораш да бидеш и најголем работник“, заклучил таткото на малиот генијалец.

Јусуф ужива во сè што го стимулира неговиот мозок. Прв пат почнал да си игра со Рубикова коцка во јануари оваа година откако видел една во домот на својот пријател и до крајот на месецот можел со леснотија да ја намести. Неговиот помлад брат Калид, на возраст од 8 години, исто така се надева дека ќе го положи тестот „Менса“ кога ќе биде постар, но веќе почнал да оди по стапките на својот брат, интересирајќи се за Рубикова коцка.

Во 2019-та година, кога Јусуф имал седум години, пронашол математички феномен кој сега е познат како „Јусуфово правило на квадрат“. Таткото Ирфан контактирал професор по математика на Универзитетот Кембриџ на кој му понудил објаснување за овој феномен.

Треба да знаете
Последни објави