Search

(Видео) Атланта ја продолжи резултатска криза за Милвоки, шампионот Голден стејт се враќа на победничките патеки

Милвоки кој во најсилната кошаркарска лига на светото – НБА стартуваше со девет победи во низа сега е во резултатска криза и загуби по третпат во последните четири меча. Овојпат Милвоки првпат сезонава се поразени и на свој терен и тоа од Атланта со 121:106. Адетокумбо со постигнати 27 поени, не можеше сам да им парира на расположените гостински играчи Хантер и Јанг, кои постигнаа 45 поени.

Актуелниот првак  Голден стејт покажува дека времето кога губеа и по пет меча во низа е веќе зад нив и дека добрите резултати доаѓаат. Голден стејт ја забележа најубедливата победа во ноќешните дуели во НБА-лигата откако со 132:95 го растури Сан Антонио. Ова беше шестата победа во 14 одиграни средби.

Џордан Пул беше незадржлив и иако одигра само 29 минути, успеа да постигне дури 36 поени, покажувајќи се како вистински лидер на Голден стејт. Ламб постигна 17 поени, а Кари застана на 16 поени, додека Џонсон со 15 поени беше најефикасен кај гостите, кои исто така се со биланс од шест победи и осум порази.

Резултати: Детроит – Торонто 111:115, Орландо – Шарлот 105:112, Бостон – Оклахома 126:122, Мајами – Феникс 113:112, Хјустон – ЛА клиперс 106:122, Милвоки – Атланта 106:121, Голден стејт – Сан Антонио 132:95.

Треба да знаете
Последни објави