Search

Ѓоковиќ во два сета го елиминира Хачанов за четвртфинале во Париз

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ без проблеми во два сета го елиминира Карен Хачанов и обезбеди четвртфинале на Мастерсот во Париз.

Ѓоковиќ имаше одличен старт на мечот и направи брејк во вториот гем, по што сервираше за 3-0, но сепак Русинот не се предаде толку лесно и набрзо израмни на 3-3. Меѓутоа, српскиот тенисер до крајот на сетот со уште еден брејк стигна до 6-4.

Вториот сет помина во целосна доминација на Ѓоковиќ, кој направи два брејка, а притоа со одличен сервис не му дозволи на Хачанов да се надева на враќање во игра и така стигна до 6-1.

Србинот во четвртфинале ќе игра против Лоренцо Мусети, кој беше подобар од Каспер Руд со 2-1 во сетови.

Треба да знаете
Последни објави