Search

Партизан славеше против Панатинаикос во хаосот во Атина

Кошаркарите на Партизан ја забележаа третата победа по ред во Евролигата откако вечерва славеа над Панатинакос со 91:89 и тоа во Атина. Црно-белите по шест кола имаат скор од три победи и исто толку порази, додека Панатинаикос има една победа и пет загубени натпревари.

Гостувањето во „ОАКА“ Арена во Атина секогаш буди специјални моменти за Жељко Обрадовиќ кој сега седи на клупата на Партизан. Обрадовиќ го предводеше Панатинаикос од 1999 до 2012 година и со тој Зелените освои пет титули во Евролигата, 11 титули во грчкиот шампионат и седум купа на таа земја.

Партизан го предводеше капитенот Кевин Пантер со 29 поени и шест постигнати тројки, одлични беа и Матијас Лесор со 15 поени и 11 скока, Зек Ледеј со 13 поени и 10 скока и Данте Ексум со 12 поени.

Двејн Бејкон и Нејт Волтерс беа најефикасни кај Панатинаикос со по 17 поени.
Партизан одлично го започна мечоти првата четвртина ја доби со 31:16, а предноста ја одруваше во втората четвртина, иако во еден момент грчкиот тим успеа да ја намали негативата на девет поени, но потоа Пантер и Мадар погодија постигнаа поени за ново сигурно водство на Партизан.

Грчкиот тим успеа да се врати во игра во третиот дел кога дојде до минус еден 57:58 и најави неизвесна последна четвртина.

Во неа Партизан повторно дојде до двоцифрена предност (88:78), но домаќинот возврати со серија од 6:0 и ја врати резултатската неизвесност. На 15,5 секунди до крајот Егзум погоди за пет поени разлика, но потоа направи прекршок над Бејкон кој ги реализира трите слободни фрлања. Точка на победата на Партизан стави Анѓушиќ кој ги погоди двете слободни фрлања.

Во седмата минута од последниот дел играта во Атина беше прекината. Навивачите на зелените направија „хаос“ зад црно-белата клупа при резултат 88:78 за гостинскиот тим.Откако Пантер погоди тројка при крајот на нападот, еден од навивачите од првиот ред фрли реклама на клупата на Партизан, па судиите мораа да ја прекинат играта. Во еден момент шише го удрио докторот на црно-белиот тим.

Следуваше неколкуминутна пауза, а како тоа изгледаше погледнете во видеото подолу.

Реал Мадрид славеше со 83:77 на гостувањето кај Милано благодарение на одличната игра на Џанан Муса кој постигна 25 поени.

Баерн Минхен дојде до првото славје сезоната откако беше подобар од актуелниот европски шампион Анадолу Ефес со 81:78, а најубедливиот триумф го оствари Басконија која со 116:87 славеше над Макаби Тел Авив.

Треба да знаете
Последни објави