Search

Ирвинг донира 500.000 долари бидејќи рекламираше антисемитски филм

Американскиот кошаркар Кајри Ирвинг призна дека промовирањето антисемитски филм на неговите профили на социјални мрежи имало негативно влијание врз еврејската заедница и вети дека ќе донира половина милион долари за здруженијата кои работат на искоренување на расната омраза и нетрпеливост.

Неговиот НБА клуб Бруклин ја презеде истата таа финансиска обврска, објавија во соопштението кое го напишаа заедно во Лигата против клевета (ADL).

Оваа невладина организација, чија цел е поддршка на Евреите во борбата против сите облици на антисемитизам, најостро ја осуди постапката на Ирвинг, кој на своите социјални мрежи објави постер од филмот „Hebrews to Negroes: Wake Up Black America” и неговото споделување линк на „Амазон” за изнајмување или купување на филмот.

Во режија на Доналд Далтон јуниор, овој документарец од 2018 година е адаптација на истоимената книга од 2015, во која пишува дека „многу познати високорангирани Евреи признале дека го почитувале ѓаволот”.

– Свесен сум за негативното влијание на мојата порака врз еврејската заедница и преземам одговорност поради тоа. Не верувам дека сè што е изречено во филмот е вистина или пак го одразува мојот морал и принципи, рече Ирвинг.

Треба да знаете
Последни објави