Search

Приведен криумчар на мигранти заради доиздржување затворска казна

Полицијата денеска во 07.00 часот на ул. „Дижонска” во Скопје, го лишила од слобода С.С.(40) од Скопје, заради доиздржување затворска казна.

Тој, како што соопшти МВР, бил осуден на пет години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело „криумчарење на мигранти”, а бил баран по централна потерница по наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување три години и девет месеци.

Лицето ќе биде спроведено во установата за доиздржување на затворската казна.

Треба да знаете
Последни објави