Search

Се планирал терористички напад на „Ел Класико“: Дрон требало да експлодира на „Ноу Камп“

Џихадист од групата Исламска држава (ИД) планирал да изврши бомбашки напад со дрон на стадионот „Ноу Камп“ за време на големото шпанско дерби меѓу Барселона и Реал Мадрид. Тој е фатен од полицијата, а и експресно осуден на три години затвор, пренесува „Франс прес“.

Истиот се вклучил на ИД во 2020 година, кога Шпанија беше под строг карантин. Во март регрутер од групата го контактирал џихадистот и му рекол да изврши напад за да се „причисти и да обезбеди место во рајот“ затоа што претходно не се држел до религијата и направи гревови.

Регрутерот побарал од него да лета ссо дрон наполнет со експлозив над стадионот на Барселона за време на мечот со Реал Мадрид. Во судските документи не е наведено на кој датум требало да се изврши чинот. Тогаш шпанското првенство беше суспендирано поради пандемијата.

За да не биде откриен од полицијата тој ја затворил својата сметка на социјалната мрежа на 23 април, но повторно отвори друга со поинаков идентитет и се обучувал за контрола на дрон преку видео упатства.

Забележан на почетокот на април од истражителите, џихадистот бил уапсен на 8 мај од полицијата која изврши претрес во неговиот дом во Барселона. Според портпаролот на судот, тој е осуден на три години затвор откако постигнал договор со обвинителството.

Стадионот на Барса, кој може да собере повеќе од 99.000 гледачи, веќе беше една од потенцијалните цели на џихадистичката ќелија одговорна за двојните напади во 2017 година во Барселона и приморското одморалиште во Каталонија, во кои загинаа 16 луѓе, потсетува АФП.

Треба да знаете
Последни објави