Партизан пак загуби добиен меч, Валенсија го шокираше Ефес

Кошаркарите на Партизан загубија од Олимпија од Милано со 80:75 во третото коло од Евролигата пред своите навивачи во белградска Арена.

По осум години црно-белите го дочекаа евролигашкиот натпревар во Белград, но ќе мора да го почекаат првиот сезонски триумф. Трет натпревар и трет пораз во елитното натпреварување, додека тимот на Милан го забележа вториот триумф.

Се изгледаше дека дека е време Партизан да ја забележи првата победа во Евролигата, со поддршка од 20.000 навивачи и она што го прикажаа во налети, се чинеше дека може да слават, но тие не издржа ниту овој пат.

„Манекените“ ги предводеше Шевон Шилд со 25 поени и четири скока, Брендон Дејвис застана на 15 поени, а Кевин Пенгос на два помалку.

На Партизан не му помогна ниту одличниот Зек Ледеј од 23 поени, од кои пет коша од линијата 6,75, а имаше едно промашување за три на крајот од мечот. Матијас Лесор имаше дабл-дабл од 12 поени и 10 скока, а двоцифрен беше Џем Мадар со 10 поени.

Валенсија ја забележа првата победа во новата сезона во Евролигата, откако на гости во Истанбул со 92:91 го совлада шампионот од елитното европско натпреварување, Анадолу Ефес. Драматично беше и во Литванија, каде што Виртус Болоња пропушти шанса за победа за да загуби со 68:65 од Жалгирис.

Василије Мициќ успеа да ги држи во игра Ефес со 17 поени во првото полувреме, откако Валенсија постигна неверојатни 12 тројки, за турскиот клуб да има предност во последната четвртин. Но, во финишот на мечот, Родриг Бубоа постигнува тројка за предност на Ефес, пред да направи фаул во следниот напад, а Крис Џонс со две слободни фрлања да ја запечати победата на гостите. Мициќ заврши со 22 поени, Вил Клејбрн имаше 18 за Ефес, додека Бојан Дубљевиќ со 20 поени и 5 скока беше најдобар за шпанскиот тим.

Виртус Болоња, пак, пропушти предност од 12 поени на гости кај Жалгирис, пред Игнас Браздеикис на 13 секунди да погоди, и потоа со слободни фрлања да ја запечати победата на домаќините. Браздеикис заврши со 14 поени, Роланад Смитс додде 13, додека кај италијанскиот клуб, Кајм Вимс имаше 15 поени.

Треба да знаете
Последни објави