Изненадување во „Јане Сандански“: Гостивар го победи МЗТ

Натпреварот од 2. коло во Прва лига меѓу МЗТ Скопје и Гостивар донесе неизвесен финиш и шокантен резултат.

Денешниот меч за МЗТ Скопје требаше да биде загревање пред дуелот од АБА лигата против Студентски центар, планот беше со победа, зголемена самодоверба и позитивна атмосфера да се влезе во дуелот од регионалното натпреварување, но ништо од тоа.

Гостиварци покажа голема борбеност, силно ја посакуваа победата и дојдоа до неа со 80-79. МЗТ Скопје го имаше последниот напад, но топката заврши на првиот обрач.

Во составот на Гостивар најдобар беше Корсантија кој имаше дабл-дабл учинок со 19 поени и 10 скока, Маслинко уфрли 18 поени, Ефремовски 16, а Пипкинс 17. Кај МЗТ Скопје, Бојан Крстевски постигна 15 поени, Мајк Кефи 14, Јигитоглу 11, а Ајви 10.

Треба да знаете
Последни објави