Search

Кер: Грин ја изневери нашата доверба

Тренерот на Голден стејт, Стив Кер, го коментираше инцидентот меѓу Дрејмонд Грин и Џордан Пул на тренинг и одлуката на клубот да не го суспендира Грин од учество на натпревари.

– Ова е најголемата криза што ја имавме откако станав селектор на овој тим. Ова е многу сериозно. Ние не сме совршени. Но, ќе се потпреме на искуството што го имаме и веруваме дека ова е најдоброто решение за нашиот тим. Имаме многу работа. За сите нас. Нема заобиколување, нашата репутација настрада поради овој инцидент. Треба да работиме за да го поправиме ова. Грин ја поткопа нашата доверба, изјави Кер.

Вориорс го казни Грин, но не го суспендираше поради инцидент за време на тренингот минатата среда. Кошаркарот го удри со бокс во лицето соиграчот Пул. Инцидентот предизвика големи реакции и критики за четирикратниот шампион во НБА.

Треба да знаете
Последни објави