Search

Емили Ратајковски откри дека е бисексуалка среде бракоразводна постапка

Мадона можеби покрена тренд бидејќи, неколку часа откако навести дека е геј на „Тик-ток“, и Емили Ратајковски се идентификува како бисексуалка во своето видео. Емили се чини дека е бисексуалка иако се шират шпекулации за наводна врска со Бред Пит, објавија таблоидите, додавајќи дека супермоделот (31) ги натера фановите да се прашуваат дали е сериозна, кога се приклучи на Тикток-трендот кој прогласува дека личноста е бисексуална ако поседува зелена кадифена софа.

„Ако се идентификувате како бисексуалец, дали поседувате кауч од зелено кадифе?“ гласи прашањето. Во видето што го сподели, Емили ја врти камерата кон себе и таков кауч во нејзината дневна соба. На крајот таа мистериозно се насмевнува.

Веднаш по објавата, почнаа да се нижат коментари: „Уште една победа на жените“, „Ова е една од многуте работи што не ги очекував“,„Толку многу познати жени се откриваат и јас едноставно го сакам тоа“.

Израдувани од видеото што навестува дека Емили е дел од ЛГБТК+ заедницата, многу од нејзините следачи на Тик-ток коментираа: „Јас не сум геј, но чувствувам дека ова е победа“.

Таблоидите потсетуваат дека Емили неодамна поднесе барање за развод од нејзиниот сопруг Себастијан Бер-Меклард, а сега се шпекулира дека е со Бред Пит.

Судските документи до кои дојде „Пејџ сикс“, супермоделот, која е воедно и сопственичка и дизајнерка на „Инамората“, барањето за развод го поднела во Врховниот суд на Менхетен на 8 септември.

Емили, наводно, многу често е во друштво на Бред Пит. Според „Пипл“, кој цитира анонимен извор, нивните пријатели не се сигурни дали е сериозно, бидејќи се чини дека не се формално во врска.

Треба да знаете
Последни објави