Search

Манчини не ја заборавил Македонија пред новата пресметка во квалификациската група за ЕП-2024

Македонската фудбалска репрезентација во квалификациите за Европското првенство (ЕП) во 2024 година ќе игра во група со Италија, Англија, Украина и Малта. Конкуренцијата според рејтингот е многу силна и шансите за „црвено-жолтите“ да стигнат до едно од двете водечки позиции во групата кои носат пласман на завршницата во Германија се минимални, иако во фудбалот чуда се случуваат !

Еден од фаворитите, селекцијата на Италија го знае тоа добро, бидејќи Македонија ја елиминира во баражот за Мундијалот во Катар. Селекторот на „аѕурите“ Роберто Манчини  токму зато предупредува на претпазливост. Манчини не го заборавил шокантниот пораз на „аѕурите“ во Палермо во март годинава, па кажа дека нема да им биде воопшто лесно и ќе мора да бидат внимателни против сите ривали.

-Бев сигурен дека ќе ни се падне Франција или Англија. Ова не се едноставни натпревари, но ќе мора да бидеме внимателни. Македонија? Сите видовте како беше во Палермо, не смееме да се опуштиме, е коментарот на Манчини по денешната ждрепка за составот на групите во квалификациите за ЕП-2024.

Треба да знаете
Последни објави