Search

Малиот Џејк од серијата „Два и пол мажи“ денес е непрепознатлив и ја мрази улогата: „Не ја гледајте, ја полните главата со ѓубре“

Ѕвездата на „Два и пол мажи“ Ангус Тарнер Џонс (28) се прослави како дете кога го глумеше малиот Џејк Харпер во хумористичната серија покрај Чарли Шин и Џон Крајер.

Тој го играше внукот на Чарли Шин во споменатата хит серија, а познат е и по неговите улоги во филмовите „George of the Jungle 2“, „System Breakdown“, „The Beginner“ и „Simpatico“, каде се појавуваше со Шерон Стоун и Ник Нолти. Но, со години не се појавува во ниту еден филм или серија.

Од 2012 година, кога го напушти ситком кој го прослави и ги шокираше обожавателите, тој целосно се огради од каква било поврзаност со шоуто кое го прослави. Згора на тоа, хит серијата „Два и пол мажи“, тој сега ја нарекува „нечистотија“ што не се совпаѓа со неговите религиозни принципи и ги повика фановите да не ја гледаат.

„ Глумев во таа серија, но сега не сакам повеќе да бидам дел од неа. Ве молам престанете да ја гледате и да ја полните главата со ѓубре. Да знаевте какви ефекти има таа врз вашиот мозок, верувајте ми ќе престанете да ја гледате веднаш“, рече познатиот актер за странските медиуми, а кој денес изгледа непрепознатливо.

На врвот на својата кариера, Џонс со години беше најплатената детска телевизиска ѕвезда, заработувајќи 2,6 милиони долари по епизода до 2012 година, кога го напушти шоуто на религиозна основа откако повторно ја откри својата христијанска вера.

Иако се надева дека ќе се врати на актерството, тој сака тоа да се случи под одредени услови, за се да биде во склад со христијанските верувања што ги следи, бидејќи е вклучен и во разни верски организации.

Треба да знаете
Последни објави