Search

Цеца ќе стане баба вторпат (ФОТО)

Богдана Ражнатовиќ е бремена! Тоа е веста што го обележа денот, неделата, месецот и годината во домот на семејството Ражнатовиќ, кое за околу 6 месеци ќе стане побогато за уште еден член. Вељко Ражнатовиќ неодамна изјавил дека кога ќе го види своето семејство собрано на едно место, му се јавува желба тоа да биде уште поголемо, а сега тоа и ќе му се оствари. Убавите вести ги објавил токму младиот боксер на својот инстаграм-профил.

Веста дека Богдана Ражнатовиќ е бремена ја споделиле со јавноста истовремено откривајќи го полот на бебето, и тоа на начин што последниве години е многу популарен. Во присуство на најблиските пријатели и семејството, тие приредиле забава по повод откривање на полот на многу необично место. Имено, ова било откриено во шума каде што балонот експлодирал, како што е обичај, но во овој случај, младиот Ражнатовиќ го погодил со стрела.

Треба да знаете
Последни објави