Search

Две деца од САД биле убиени од питбули кои биле нивни домашни миленици

Мајка на две деца од Тенеси е во стабилна состојба, но „со траги од каснување и конци по целото тело“ откако се обидела да ги спаси своите две деца од напад на питбули кои биле домашни миленици на семејството.

Кирсти Џејн Бенард (30) била тешко повредена од кучињата додека се обидувала да ги спаси своите деца Холас Дин, стара само пет месеци и Лили Џејн (2) пред нивниот дом во округот Шелби, пишува Њујорк пост.

Кај двете деца била констатирана смрт на местото на настанот.

Трагичниот инцидент, за кој се уште се утврдува како се случил и зошто кучињата станале агресивни, траел 10-тина минути.

Милениците Чич и Мија се дел од семејството повеќе од осум години без ниту еден инцидент, изјави најдобриот пријател на несреќната жена.

И двата питбула биле еутаназирани,пренесе Телеграф.рс.

Треба да знаете
Последни објави