Search

Тешки денови за Еден Азар

Фудбалерот на Реал Мадрид, Еден Азар минува низ еден од најтешките периоди во кариерата. Белгиецот оваа сезона забележа само четири настапи во дресот на „кралскиот“ клуб“, што ги демантираше неговите зборови дека ова ќе биде негова прва вистинска сезона во Реал.

Трансферот на Азар во шпанскиот гигант чинеше 115.000.000 евра, а денес Шпанците сметаат дека тоа е еден од најлошите во историјата на европскиот фудбал.

Последниот триумф на Реал Мадрид во Лигата на шампионите, над Шахтјор, Азар го гледаше од клупата за резерви. .
„Азар веќе не може да издржи, тешко му е. Второто полувреме го помина загревајќи се, а потоа тренерот Карло Анчелоти во 87. минута го испрати на клупата, бидејќи не планирал да го внесе во игра. Неговото лице кажуваше сè. Азар е очаен бидејќи Анчелоти никогаш не ги користи неговите услуги. Беше убеден дека ова ќе биде негова сезона, но Анчелоти не го гледа и не му давам никакви шанси“, пишува шпанска „Марка“.

Договорот на белгискиот репрезентативец со „кралскиот клуб“ истекува дури во 2024 година.

Треба да знаете
Последни објави