Search

Ристовски со порака до Бугарите: Добредојдовте, сега е наш ред европски да ве пречекаме!

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Стефан Ристовски, кој не е во комбинација за последните два натпревари од групата во Лигата на нации поради повреда, се огласи преку социјалните мрежи од Хрватска, каде настапува за загрепски Динамо со повик до навивачите на фер и коректна атмосфера а на Бугарија и поска добредојде !

Денеска од 20.45 часот Македонија во групата 4 од Ц -дивизијата во Лигата на нации во Скопје ќе игра против Бугарија. Натпреварот ќе се игра за меѓусебен престиж откако двест селекции ги загубија шансите за првото место кое носи разигрување за пласман на ЕП и преселба ранг погоре (Б дивизија) во новото издание од Лигата на нации. Оваа привилегија и од 4 група и припадна на Гузија. Македонија посакува да го задржи второто место во групата  со победа или реми  за да се најде во четвртиот  рејтинг барабан на жрепката на 9 октомври за составот на групите од квалификациите за ЕП 2024.

Играчот на Динамо Загреб  преку социјалните мрежи го најави натпреварот против Бугарите.

– Добредојдовте во Македонија…Сега е наш ред…ЕВРОПСКИ ДА ВЕ ПРЕЧЕКАМЕ – стои во објавата на Ристовски на „Инстаграм“.

Воедно им посака среќа на своите репрезентативни колеги: „Среќно браќа мои“.

Треба да знаете
Последни објави