Search

(Видео) Десетте најубави голови во кариерата на Пандев

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денеска и официјално објави дека завршува со играњето фудбал, каде пак планира да продолжи како менаџер или спортски директор во некој клуб. Пандев по ланското збогување од државниот дрес на Македонија по 122 настапи и 39 постигнати голови, денеска одлучил да ја заврши и клупската кариера по 662 одиграни натпревари и постигнати 147 голови во дресовите на Беласица, Специја, Анкона, Лацио, Интер, Наполи, Галатасарај, Џенова и Парма.

Пандев во сениорскиот дрес на Македонија дебитираше во 2001 година,, а заврши во 2021 година по мечот со Холандија во Амстердам на премиерниот настап од завршницата на ЕП, каде „црвено-жолтите“ стигнаа со триумфот над Грузија и тоа со погодокот на македонскиот капитен кој е историски за мак-фудбалот.

На клупско ниво, најмногу голови Пандев постигна во дресот на Лацио 64, за Џенова постигна 32 гола, за Наполи 22 пати ја затресе мрежата, додека во дресот на Интер, со кој се искачи на врвот на Европа, погоди осум пати исто колку и за Беласица на почетокот на кариерата. За Галтасарај погоди седум пати, за Специја четири, додека за Парма и Анкона по еднаш.

Треба да знаете
Последни објави