Search

ХОБС: Донирајте училишен прибор за среќна училишна година за сите деца

Драги наши, Здружението ХОПС – Опции за здрав живот Скопје од 1997 година континуирано и успешно спроведува активности за превенција на ХИВ, заштита на човекови права и рехабилитација и реинтеграција на луѓе кои употребуваат дроги и сексуални работници, вклучително и членови од најблиски семејства, меѓу кои и нивните дечиња.
Во Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС меѓу другите активности, спроведуваме и едукативни активности со педагог и психолог, кои им помагаат на децата на корисниците на нашите услуги да се запишат во училиште, редовно да посетуваат настава и да покажат успех во учењето. Досега многу успешно го правиме тоа, меѓутоа, поголем дел од корсниците на нашите услуги се луѓе кои се соочуваат со сериозни материјални предизвици. Поголем дел од нив се невработени или со минимални или нередовни примања, што сериозно се одразува на континуитетот и квалитетот на образованието на нивните деца.
ХОПС од 2012 година континуирано се труди да обезбеди потребен училишен прибор и други потребни материјали, со цел овие деца да не бидат дискриминирани и оневозможени во процесот на образованието. Досега повеќе генерации на деца сме ги обезбедиле со потребните едукативни и образовни материјали, како за во основно така и за средно образование, а кога сме во можност им обезбедуваме и средства или услови за вонучилишни активности.
 
 Овој пат ни треба вашата помош за обезбедиме дел од едукативните материјали кои за оваа година им се потребни на вкупно 25 деца од основно и средно образование а кои го посетуваат нашиот центар.. За среќа нашите долгогодишни соработници ТРИМКАС, ни дадоа поддршка да поставиме три штандови за собирање на училишен материјал и тоа пред:
ТРИМКАС- Скопјанкa
(3/09) Сабота 11:00-15:00
(4/09) Понеделник 15:00-19:00
(5/09) Вторник 15:00-19:00
ТРИМАКС- Капитол Мол (позади ФООМ)
3/09) Сабота 11:00-15:00
(4/09) Понеделник 15:00-19:00
(5/09) Вторник 15:00-19:00
ТРИМАКС – позади Лиса центар
3/09) Сабота 11:00-15:00
(4/09) Понеделник 15:00-19:00
(5/09) Вторник 15:00-19:00
Исто така можете да донирате секој работен ден од 10:00 до 14:00 часот во Дневниот центар за рехабилитација и ресоцијализација на ХОПС кој се наоѓа Ул. Коста Кирков бр. 16 ( Скопје). Или Донација на средства во денари:
Здружение ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Aдреаса: ул.Улица Јордан Мијалков 46/8, 1000 Скопје, Северна Македонија
Жиро сметка: 270000000137627
Даночен број: 4030999365052
Банка: Халкбанк АД Скопје
Училишни прибори кои им требаат на нашите дечиња:
Тетратки А5 формат (линии)
Тетратки А5 формат (коцки)
Тетратки А5 формат (празни)
Тетратки А4 формат (линии)
Тетратки А4 формат (коцки)
Тетратки А4 формат (празни)
Тетратки по музичко ( нотни тетратки)
Блок бр. 2
Блок бр.3
Блок бр. 4
Блок бр. 5
Блок бр. 6
Темперни бои
Фломастери
Дрвени бои
Мрсни бои
Водени бои
Четки комплет
Несесер
Туш
Пенкала
Моливи
Куфер за техничко цртање
Линијари
Перфорирана фолија
Хартија во боја А4 формат
Гуми за бришење
Лепак ОХО
Ранец
Острилка
Ножички
Глинамол
Дигитрон
Пластелин
Колаж
Шестар
Здружението ХОПС
Треба да знаете
Последни објави