Search

(Фото) Веспрем „голем залак“ за Е. Пелистер на дебитантскиот настап на Ф4 од СЕХА-лигата

Фото: Слободан Ѓуриќ

Во дебитантскиот настап на завршниот турнир од регионалната СЕХА кој се одржува во Задар, македонскиот претставник Еурофарм Пелистер ќе игра за третото место, откако во полуфиналниот меч беше убедливо совладан од фаворитот Веспрем 41:27 (24:16). Противник в недела од 16.30 часот на „фармацевтите“ ќе им биде хрватскиот Нексе.

 

 

Унгарскиот Веспрем беше „голем залак“ за  битолскиот тим. Во пресметката со Веспрем неизвесноста траеше во почетните пет-шест минути, по што унгарскиот тим со серија од четири гола се одлепи (9:5) и како одминуваше времето само ја зголемуваше разликата и прашање беше само со колкава разлика на крајот ќе слави. Унгарците во финалето в недела од 19 часот ќе играат против Загреб.

 

Најефикасен кај Пелистер беше Хосни кој даде шест гола, а Сери и Пешевски по пет. Вајлупов со осум гола беше најдобар стрелец на натпреварот.

 

Треба да знаете
Последни објави