Search

Пешевски: Веспрем е класа, а со Нексе шансите ни се подеднакви

Актуелниот првак во регионалното ракометно натпреварување СЕХА, унгарскиот Веспрем (27:41) по шести пат е на завршницата и исто толку пати е учесник во битката за шампионскиот трофеј. В недела Веспрем против Загреб, ќе се обиде да го освои петтиот шампионски регионален трофеј, колку досега има освоено рекордерот скопски Вардар, кој годинава не избори настап на завршниот турнир.

Македонскиот претставник сезонава, битолски Пелистер во дебитантскиот настап на завршницата ќе мора да се задоволи со битката за третото место, в недела против Нексе. Македонскиот вице-првак имаше можност да се увери до каде им се можностите, а за тоам новакот Жарко Пешевски призна дека ова било дуел со противник од светска класа.

-Едноставно Веспрем беше подобар противник, подобро изгледаше на теренот. Во првото полувреме влеговме импресионирани на теренот, но на крајот тоа резултираше како што резултираше. Мора да признаеме дека Веспрем е екипа од светска класа, останува на нас да го одиграме мечот со Нексе во недела и да го обелиме образот, изјави македонскиот репрезентативец.

За утешниот меч со Нексе смета дека нема фаворит и дека Пелистер може да се надева на триумф.

-Мислам дека Нексе е одличен тим, тоа го покажа минатата сезона кога играше на Ф4-турнирот во Европската лига. Мислам дека шансите се 50-50, па останува да покажеме на теренот, додаде Пешевски, кој денеска беше еден од подобрите кај битолскиот тим кој мечот го заврши со пет постигнати гола.

Треба да знаете
Последни објави