Search

Чавушоглу им се приклучи на лидерите од Отворен Балкан на свечената вечера

Mинистерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу вечерва допатува во Белград. Тој им се придружи на претседателот Александар Вучиќ и мандатарката Ана Брнабиќ, премиерот на Македонија Димитар Ковачевски, како и премиерите на Црна Гора и Албанија, Дритан Абазовиќ и Еди Рама на свечената вечера која ја организираа српските власти во Претседателството на Србија.

Лидерите на земјите од иницијативата Отворен Балкан денеска отворија саем за вино во Белград, на кој винарии и дестилерии од регионот ги претставуваат своите производи.

Вучиќ, Рама и Ковачевски утре ќе претседаваат со Самитот во рамките на иницијативата Отворен Балкан.

Самитот ќе се одржи во Палатата Србија, а ќе присуствуваат и Абазовиќ, претседавачот со Советот на министри на БиХ Зоран Тегелтија, Чавушоглу како и министерот за надворешни работи и трговија на Унгарија Петер Сијарто, соопшти Претседателството на Србија.

Треба да знаете
Последни објави