Search

(Фото) Акробат среде раскрсница забавуваше возачи-заработи некој денар и аплаузи

Младо момче со слушалки на уши и три стапа во рацете денеска напладе среде раскрсница, додека семафорот беше запалено црвено светло за да се почека ги забавуваше возачите со акробатски потези и заработуваше по некој денар од оние кои беа задоволни од неговата неколкуминутна престава.

Ваквата глетка  на раскрсницата на булеварот „Борис Трајковски“ ја затекна на лице место „24 Инфо“ и ја овековечи.

Досетливото момче се обиде да им го разубави првиот школски ден на учениците со демонстрирање на акробатски вештини во ритамот на звуците кои ги слушаше на своите слушалици.Танцот беше зачинет со спектакуларни потези со трите стапа кои умешно ги контролраше, вртеше, задржуваше на сопствената глава, ги прескокнуваше…

Акробатските потези го привлекуваа вниманието на случајните минувачи, со автомобилите, мопедите, тротинетите, велисипедите, пешаците. Подзастануваа, воодушевените го наградуваа со по некој денар, а некои му возвраќаа со аплауз.

 

Треба да знаете
Последни објави