Search

Суецкиот канал повторно под кратка блокада, се насукал танкер, драмата траела околу пет часа

Суецкиот канал синоќа бил повторно блокиран, кога танкер под знамето на Сингапур се насукал поради дефект на кормилото, јавуваат светските медиуми.

Танкерот „Affinity V“ долг 250 метри пловел кон Саудиска Арабија кога се насукал во близина на местото во тесниот јужен дел на каналот каде што претходно беше заглавен и контејнерскиот брод „Евер Гивен“ во 2021 година, предизвикувајќи еднонеделен прекин на сообраќајот, пишува Гардијан.

Како што соопштиле од управата на Суецкиот канал, овој пат драмата траела околу пет часа.

Бродот пловел од Португалија до саудиското пристаниште Џанба на брегот на Црвеното Море.

Контејнерскиот брод „Евер Гивен“, предизвика блокада на Суецкиот канал на 23 март 2021 година, која траеше шест дена.

Застојот доведе до нарушувања на светските пазари, имајќи предвид дека околу 12 отсто од светската трговија се одвива преку Суецкиот канал, кој е најбрзата рута меѓу Азија и Европа.

Треба да знаете
Последни објави