Search

Пожари во близина на Лос Анџелес

Гувернерот на Калифорнија, Гавин Њусам, денеска објави вонредна состојба во државата по шумските пожари што вчера избија во неколку рурални области и во североисточниот дел на округот Лос Анџелес.

Пожарите предизвикаа евакуација на населените места зафатени од стихијата, во време кога државата се соочува со горештина од над 45 степени Целзиусови. Високите температури може да траат до понеделник идната недела.

Гувернерот ги повика жителите да ја намалат употребата на електрична енергија за ладење со поставање на повисоки температури дома.

Во североисточниот дел на округот Лос Анѓелес пожарите се прошириле на речиси 19 квадратни километри на ридесто подрачје.

Локалните медиуми јавуваат дека главна автопатна делница (Интерстајет 5) што оди од север на југ била затворена поради огнена стихија што опфатила неколку квадратни километри грмушесто земјиште за само неколку часа.

Треба да знаете
Последни објави