Search

„Енергоатом”: Исклучен еден од двата оперативни реактора во АЕЦ Запорожје поради руски минофрлачки напад

Еден од двата оперативни реактори на нуклеарната централа Запорожје е исклучен поради руско гранатирање, соопшти украинскиот оператор „Енергоатом”, пренесоа британските медиуми.

„Поради уште еден минофрлачки напад на руските сили врз нуклеарната централа Запорожје, активиран е системот за итна заштита, а петтата единица е исклучена”, соопшти „Енергоатом”  на социјалната мрежа Телеграм.

Операторот додаде дека блокот шест продолжува да работи и ја снабдува нуклеарната централа со електрична енергија за сопствените потреби.

Треба да знаете
Последни објави