Search

(Видео) Курти ги повика Србите во Косово да ги променат регистрарските таблички во следните два месеца

Косовскиот премиер Албин Курти денеска соопшти дека е почната замената на регистарските таблички на Република Србија со оние на Косово и дека овој процес ќе трае до 31 октомври, вкупно 61 ден, а ќе се спроведува во 34 општински центри за регистрација на возила.

„Ги повикувам граѓаните на Република Косово, сопственици на автомобили со регистарски таблички „ПР“, „КМ“, „ПЗ“, „ГЛ“, „УР“, „ПЕ“ и „ЃА“ да ги пренаменат во РКС таблички во следните два месеци, при што се ослободени од даноци и давачки до 5.000 евра“, наведе тој на Фејсбук.

Рече дека овие таблички се наследство на Слободан Милошевиќ, со кое се обидуваат „да ги задржат граѓаните од српска националност во минатото и изолацијата“.

Треба да знаете
Последни објави