Search

Без вода дел од општина Центар

ЈП „Водовод и канализација” Скопје известува дека денеска без вода ќе бидат неколку улици во општина Центар.

Во населба Пржино, поради дефект на приклучна цевка на улица „Антон Попов” 18, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул.„Антон Попов”, Дренак. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:55 часот до санирање на дефектот.

Поради уличен дефект ф-80 мм на „Партениј Зографски” 29а, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од „Партениј Зографски”, дел од Белградска , дел од „Георги Скрижевски” и клиниките за Трансфузиологија и Хематологија. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:30 часот до завршување со санација на дефектот. 

Треба да знаете
Последни објави