Search

Баба скокнала во бунар длабок 8 метри на островот Крф за да ја спаси внуката

Баба (67) скокнала во бунар длабок осум метри на островот Крф за да ја спаси својата четиригодишна внука која паднала во него.

Како што јави Екатеимерини, и бабата и внуката се добро и не се повредени.

Бабата забележала дека нејзината внука паднала во бунарот и веднаш скокнала и се втурнала во два метри длабоката вода на дното за да ја спаси.

Брзата помош со помош на специјални алатки ги извлекла бабата и внуката и ги префрлила во болница.

Треба да знаете
Последни објави