Search

Италијанецот Калцона нов словачки селектор

Италијанскиот фудбалски стратег Франческо Калцона (53) е назначен денеска за нов селектор на Словачка.

Калцона седнува на селекторската клупа на местото на Штефан Таркович, кому поради незадоволителни резултати му беше врачен отказ во мај.

Италијанскиот стратег со Фудбалската федерација на Словачка потпиша договор до крајот на 2023 година, кој автоматски ќе се продолжи доколку избори пласман на ЕУРО 2024.

Словачката репрезентација ќе биде прв самостоен ангажман за Калцона, кој досега беше помошник во повеќе италијански екипи, вклучувајќи го и Наполи.

Треба да знаете
Последни објави