Search

Кога грми овие две работи никако не смеете да ги правите

Кога грми, избегнувајте стоење под дрвја или близу прозорец. Научниците сега велат дека исто така треба да избегнувате миење садови и туширање, пренесе The Sun.

Научници од Универзитетот Нотингем велат дека причината за тоа е поради начинот на кој се активира грмотевицата. Во текст објавен во The Conversation физичарот д-р Џејмс Ролингс објаснува дека постојат два основни елементи кои помагаат бурата да напредува – влагата и воздухот што се крева.

„Високите температури и влажноста создаваат големи количини влажен воздух кој се крева во атмосферата каде може да се формира грмотевица. Тие облаци содржат милиони капки вода и лед и нивната интеракција е тоа што всушност доведува до создавање молњи“, објаснува тој.

Капките вода кои се креваат се судираат со капките лед кои паѓаат, минувајќи низ негативен полнеж и оставајќи се себе со позитивен полнеж. Ролингс објаснува дека во бура со грмотевици облаците се однесуваат како големи генератори кои ги раздвојуваат позитивните и негативните електризирања за да создадат раздвојување меѓу облаците. Како што облаците се движат кон земјата, тие создаваат спротивен полнеж во земјата. Тоа е она што привлекува удар од гром.

„Ако удри гром во вашата куќа, струјата ќе го следи патот на најмал отпор кон земјата. Работите како метални жици или водата во цевките овозможуваат погоден проводен пат за струјата да го следи до земјата. Тушот ги дава и двете работи (метал и вода), што го прави идеален пат за струјата.“, објаснува тој.

Објаснува дека освен што треба да избегнувате туширање и миење садови, не треба да се потпирате на бетонски ѕидови бидејќи некогаш бетонот е засилен со метални греди.

Исто така треба да избегнувате користење апарати приклучени на струја.

Треба да знаете
Последни објави