Search

И Ѓоковиќ уживаше во мајсториите на Јокиќ и Дончиќ

Словенија ја победи Србија со 97:92 по продолженија во пријателски меч што беше спектакуларен во Љубљана.

Почесен гостин во преполната сала „Стожице“ беше српскиот тениски ас Новак Ѓоковиќ, а двете селекции ги предводеа мега-ѕвездите од НБА, Лука Дончиќ и Никола Јокиќ.

Дончиќ и Јокиќ го оправдаа епитетот на два гиганти во светската кошарка, а се радуваше Словенецот. Дончиќ постигна 34 поени со 9 асистенции и шест скока, додека Јокиќ имаше 26 поени со 12 скока.

Треба да знаете
Последни објави