Search

Сашо Мијалков стана дедо, му се роди внука

Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков стана дедо, откако се породи снаата Анастасија која неодамна стапи во брак со Јордан Мијалков, синот на поранешениот директор на Управата за безбедност и контразузнавање и примабалерината Александра Мијалкова.

Пред еден месец младоженците имаа свадбена веселба со своите најблиски роднини и пријатели.

Веста дека Мијалкови добиле принова беше обајвена на социјалните мрежи, а веста ја сподели сестрата на Анастасија, Александра, партнерка на актерот Атанас Атанасовски, со кој има две деца.

Мијалков го нема на фотографиите, а последните информации беа дека го одложил издржувањето на тригодишната затворска казна во Струга за случајот „Империја“ поради болничко лекување.

Треба да знаете
Последни објави