Search

Шкендија со реми се враќа од Стокхолм, победникот ќе се решава во Скопје

АИК важеше за фаворит во денешниот дуел, но како што вети Артим Шаќири, Шкендија со добар резултат се враќа од Шведска.

Студен туш за домаќините се случи само по неколку секунди игра кога Хасани погоди во првата минута и донесе водство за Шкендија од 1-0. АИК потоа создаде неколку добри прилики, но Костадин Захов на голот на Шкендија изведе неколку одлични одбрани. Сепак не успеа да го одбрани ударот на искусниот Џон Гуидети во 17. минута за 1:1.

Во продолжение од натпреварот домаќините го имаа повеќе поседот, но и Шкендија знаеше да биде опасна. За тоа доказ се и директните шутеви кон голот кои беа во корист на Шкендија 6:5.

Овој резултат секако и дава надеж на Шкендија дека дома пред својата публика ма 11 август ќе може да се избори за плеј-оф во Конференциската лига.

Треба да знаете
Последни објави