Search

Ц. звезда си ја наполни касата до врв

Српскиот фудбалски првак Црвена звезда со убедливата победа во првиот меч од 3. коло во квалификациите за шпласман во Лигата на шампионите против ерменскиот Пјуник (5:0) си обезбеди сигурна европска есен, но и си ја наполни клупската каса до врв. Речиси сигурно „црвено-белите“ се меѓу усесниците во плејофот за пласман во групната фаза од ЛШ, а доколку биде елиминиран во оваа фаза ќе има место во групната фаза од второто по ранг клуско натпреаврување Лига Европа.

Со елиминацијата на Пјуник, што е очекувано и реално по првите 90 минути, Црвена звезда ќе инкасира 11 милиони евра. Тоа се пет милиони евра за пласман во плејофот, а потоа ако биде елиминиран во ова натпреварување, ќе добие 3,6 милиони евра за настапот во групната фаза во Лига Европа и допонителни  2,5 милиони евра како бонус за коефициентот што го има во Европа.

Ако српскиот првак се пласира во групната фаза од Лигата на шампионите, гарантирани му се 20,3 милиони евра, односно двојно повеќе од тоа што би го заработиле со настап во групите од Лига Европа.

Покрај овие сигурни бонуси за пласман во група, следуваат и награди од УЕФА за секоја победа, реми, постигнат гол. Премијата е различан во зависност од натпреварувањето, а наградите се зголемуваат за тимовите кои ќе поминат во елиминациската фаза.

Треба да знаете
Последни објави