Search

Шмајхел по 11 години го напушти Лестер- се сели во Ница

Данскиот репрезентативен голман Каспер Шмајхел од денеска и официјално е нов играч на францускиот клуб Ница.

Искусниот чувар на мрежата по 11 години поминати во Лестер го напушти англискиот клуб и во трансфер вреден еден милион фунти според „Гардијан“ се пресели во Франција. Триесет и петгодишниот Шмајхел потпиша договор до летото 2025 година.

Ги предводеше „лисиците“ до сензационална титула во Премиер лигата во сезоната 2015/16, а дресот на клубот од стадионот „Кинг Пауер“ го облече 478 пати.

Шмајхел својата сениорска кариера ја започна во 2006 година во Манчестер сити, а во Лестер дојде од Лидс.

Ница летово ги ангажираше Арон Рамзи, Алексис Бек Бек, Рареш Илие и Марчин Булка.

Треба да знаете
Последни објави