Search

Жота останува во Ливерпул до 2027 година

Луверпил и Диого Жота остануваат заедно до 2027 година откако англискиот клуб денеска и официјално го продолжи договорот со напаѓачот.

Португалецот пред две лета од Вотфорд пристигна на „Енфилд“ за речиси 45 милиони евра и веднаш придонесе за успесите на Црвените. Го разби дуото Мане-Салах и во неколку наврати се наметнуваше во почетниот состав одржувајќи одлична голгетерска форма.

„Во Ливерпул сакам да го достигнам мојот зенит. Очигледно е дека станав важен адут во тимот во изминатите две сезони, па логично беше да ја обновиме соработката. Сега е време да освојуваме нови височини“, истакна Жота по потпишувањето на договорот.

За Ливерпул досега запиша 85 настапи во кои забележа 34 погодоци и 9 асистенции. Минатата сезона Жота му помогна на тимот да ги освои двата купа во Англија.

Треба да знаете
Последни објави