Search

Без струја делови од Кисела Вода и Зелениково

Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците во делови од општините Кисела Вода и Зелениково, соопшти РЦУК по известување од ЕВН Македонија АД.

Од 08.30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од ул.„Востаничка” од бр.10 до бр.21, а од 12:30 до 15 часот, корисниците од ул.„Христо Татарчев” – крак 22 во општината Кисела Вода.

Без струја во периодот од 9 до 13 часот ќе бидат дел од корисниците од селото Градовци во општината Зелениково.

Треба да знаете
Последни објави