Search

Комунална хигиена Скопје во н. Бардовци чисти од сообраќајницата истурен песок

Во текот на вчерашната ноќ, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираа активности за чистење на големо количество песок истурен на јавна сообраќајна површина во скопската населба Бардовци.
Со употреба на специјалните комунални возила – метларка, патарка и автоцистерна, екипите на Претпријатието до доцните ноќни часови го расчистуваа теренот, со цел улиците во населбата Бардовци повторно да бидат целосно проодни за движење на возилата и пешаците. Активностите на ЈП Комунална хигиена-Скопје во населбата Бардовци ќе продолжат во текот на денешниот и утрешниот ден.

Треба да знаете
Последни објави