Search

Шилегов: Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица ?

Во буџетот на Град Скопје за 2021 година, беа предвидени и исплатени околу 5-7.000.000 денари за функционирањето на Зоолошка. Тоа се средства кои се исплаќаат за да може Зоолошка нормално да функционира и нормално да се врши набавка на храна за животните.

Во буџетот за 2022 за Зоолошка се предвидени 2.500.000 денари …

Дали за Зоолошка однапред било планирано да стане кланица ?

Фејсбук статус на поранешниот градоначалник Петре Шилегов.

Инаку, во последниве два дена во Зоолошката се заклани повеќе од десет коњи и мазги, за со месото да се хранат месојадните животни.  Ваква практика досега во Зоолошката немало, сведочат вработени, со оглед на тоа што храната за животните се набавувала исклучиво на тендер.

Вчера на лице место излегле и инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство, кои констатирале неправилности во постапката и го одзеле месото. Од страна на СВР Скопје против сите шест лица ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје.

 

Треба да знаете
Последни објави