Search

 Скандалозна е споредбата на ЕУ и Фон Дер Лејен со нацистите од страна на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ

Демократската унија за интеграција го осудува навредливиот речник на пратеничката на ВМРО ДПМНЕ, Олга Лозановска која во својот скандалозен говор во Собранието ја спореди Европската унија со нацистичкиот режим, по посетата која ја реализираше претседателката на Европската комисија, г-ѓа Урсула Фон Дер Лајен во нашата земја.

Употребата на една таква апсурдна реторика, инспирирана од деструктивната антизападна и проруска идеологија е неприфатлива и за неа нема место во нашето демократско општество.

Апелираме до сите пратеници за зрелост, разумност, почитување на етичкиот кодекс на говор во домот на демократијата и пред се за почит кон поддршката што земјите на Европската Унија секогаш ја давале за демократскиот развој на нашата земја.

Пратеничката Лозановска јавно да се извини, а ВМРО ДПМНЕ да се огради од говорот на пратеничката барајќи одговорност за зборовите кои што денес таа ги употреби.

Демократската унија за интеграција повикува на рационалност и зрелост од сите партии во процесот на одлучување, сега кога е евидентно дека францускиот предлог не го нарушува јазичниот, културниот и историскиот идентитет на македонските граѓани.

Треба да знаете
Последни објави