Search

Киев: Три украински пристаништа се деблокирани за транспорт на жито

Пратеникот во Врховната Рада на Украина, Олексеј Гончаренко, соопшти дека за време на преговорите за извоз на жито, страните се договориле да деблокираат три украински пристаништа и да извезуваат производи од нив.

– Според моите информации, претставници на Украина, Турција, Русија и ОН се договориле за можноста за деблокирање на нашите три пристаништа за товарење за време на преговорите за продолжување на извозот на украинското жито преку Црното Море. Станува збор за Одеса, Чорноморск и Јужни, напиша Гончаренко на Телеграм.

Според него, житото се планира да се извезува од украинските пристаништа во конвои под услов „прекин на огнот во географските граници и некои операции за деминирање”.

Треба да знаете
Последни објави