Search

Ахмедовиќ: Патот кон ЕУ ќе даде гаранција за стабилност и демократија

Патот кон Европската Унија ќе даде гаранција за стабилност, за мир, слобода, демократија и просперитет и затоа да го поддржиме тој пат, односно компромис, порача денеска Адис Ахмедовиќ, известувач за Западен Балкан во германскиот Бундестаг.

– Оваа недела е историска за граѓаните на Република Северна Македонија, бидејќи во текот на истата ќе се изгласа за иднината на земјата. Морам да напоменам дека одлуката којашто денес или утре најверојатно ќе биде донесена, е прилично тешка за македонскиот народ која што исто така содржи и многу одговорност и обврски коишто треба да се исполнат, изјави Ахмедовиќ по брифингот со новинарите во Скопје.

Според него, доколку одлуката што ќе се донесе биде позитивна, меѓу Северна Македонија и земјите членки на ЕУ ќе има не само официјални средби, туку истите ќе бидат од билатерален аспект.

– Јас разбирам дека тоа не е лесно, но можам да кажам дека е најдобро што може да се случи, да се оди на патот кон ЕУ. Цели 17 години вашата земја чека за влез во ЕУ, и во моментов тоа е единствената шанса која што може да се искористи бидејќи сте многу малку пред влезот во ЕУ, нагласи Ахмедовиќ.

Тој упати благодарност до граѓаните, но и до Владата, која, како што кажа, успеа да ги исполни сите предуслови што беа важни за влез во ЕУ. Нагласува и дека по донесувањето на одлуката, граѓаните на Северна Македонија ќе го осетат позитивниот епилог од целокупната ситуација.

Треба да знаете
Последни објави