Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ го исвиркаа говорот на Ковачевски, со извикување ПРЕДАВНИК на Македонија

На денешната собраниска седница на која се разгледува информацијата и преговарачката рамка за асимилација и бугаризација на Република Македонија, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ не можејќи да го слуша говорот на Димитар Ковачевски, преку кој повторно се обидува да изнесе лаги и манипулации пред македонскиот народ, истиот го поздрави со свирежи.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на Ковачевски му ги покажаа и пораките од народот:

Ултиматум не благодарам

–        Да за ЕУ, не за асимилација

–        Чеда на Заевизмот, го враќате фашизмот

–         Се бориме за нашите правдини, стои во нашата химна

–         Ние сме Македонци не бугари

–         Нема иднина без историја

–         Македонија не е на продажба

–         СДСМ предавници на народот

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на крајот на говорот на Ковачевски извикуваа: ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК, ПРЕДАВНИК!

Треба да знаете
Последни објави