Search

Претседателката на ЕК ги разби сите лаги на антиевропската коалиција, Мицкоски и Апасиев

Соопштение за јавност – реакција на изнесени ставови на Христијан Мицкоски

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во обраќањето пред пратениците во македонското Собрание денеска ги потврди фактите за кои СДСМ, демократската и целата проевропска јавност ги говорат.
„Македонци, нема сомнеж, вашиот јазик е македонски јазик и ние целосно го почитуваме. Затоа во ревидираниот предлог стои македонски јазик, без модификации и без квалификација од ЕУ.”
“Ревидираниот предлог го потврдува македонскиот национален идентитет, македонскиот јазик, а билатералните прашања, историските прашања не се услов ниту дел од преговорите.”
Со овие јасни и недвосмислени изјави претседатлката на ЕК ги потврди фактите а од друга страна ги разби сите лаги на антиевропската коалиција на Мицкоски и Апасиев.
Пред Собранието денеска е важна одлука за иднината на државата и продолжување на европскиот пат.
Македонци со македонски јазик во ЕУ, Собранието треба да го продолжи европскиот пат!
Треба да знаете
Последни објави