Search

Почина Ивана Трамп, првата сопруга на Доналд Трамп

Почина Ивана Трамп, првата сопруга на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп.  Ивана почина на 73-годишна возраст, соопшти семејството. Таа беше првата сопруга на Доналд, со кого заедно имаат три деца: Доналд Џуниор, Иванка и Ерик Трамп.

– Нашата мајка беше неверојатна жена. Силнаво работа, спортист од светска класа, прекрасна убавица и грижлива мајка и пријателка, се вели во соопштението на семејството Трамп.

-Таа побегна од комунизмот и ја прегрна оваа земја. Таа ги научи своите деца на решителност и цврстина, сочувство и одлучност, велат од семејството.

Ивана е родена во Чехословачка, а се омажила за Трамп во 1977 година. Тие беа во брак до 1992 година.

Треба да знаете
Последни објави