Search

Милиони корисници без пристап до Твитер

Милиони корисници ширум светот денеска не можеа да пристапат на Твитер.

Има извештаи за корисници кои не можат да го освежат својот извор или да објавуваат нови твитови. Според статистиката составена од DownDetector, проблемите првпат почнале да се појавуваат околу 12:55 часот денеска.

„Нешто тргна наопаку. Обидете се повторно да вчитате, ми вели Твитер“. Да, веќе сум го направил тоа најмалку 50 пати“, изјавил еден фрустриран корисник.

DownDeetector покажува дека 50% од корисниците имаат проблеми со веб-страницата, додека 42% имаат проблеми со апликацијата. Останатите 8% изјавиле дека не можат да објават.

Некои корисници полусериозно се прашуваат дали дефектот на Твитер има некаква врска со Илон Маск? За потсетување, Твитер поднесе тужба против технолошкиот милијардер Илон Маск во обид да го принуди да го заврши преземањето на компанијата.
Во саботата, Маск се повлече од договорот да го преземе Твитер за 44 милијарди долари.
Твитер има репутација како една од постабилните социјални платформи и вообичаено е местото каде што луѓето комуницираат кога другите, помалку сигурни, социјални мрежи се прекинуваат. Интересно е што на официјалната станица на Твитер постојано пишуваше дека „сите системи се оперативни“.

 

Ова е прв голем прекин на Твитер по проблемите во САД во февруари поради техничка грешка.

На 4 октомври 2021 година, Фејсбук, Инстаграм и Ватсап беа недостапни во временски период од шест до седум часа, потсетува британскиот медиум.

Треба да знаете
Последни објави