Search

Демонстрантка му се обрати на Пендаровски: Имаш деца, немој народот да те колне

Пред Собранието се протестира против францускиот предлог.

Една од демонстрантките му се обрати на претседателот на државата Стево Пендаровски.

„Стево опули се, имаш деца и овој народ немој да те колне, децата патат. Немој Стево, деца имаме, ќе загинам за Македонија. Јас сум од Западна Македонија Стево, Мијачка, како тебе и ти си Мијак. Погледни ме имам 65 години, гајле немам, 10 години се борев со судот и го добив правото. Десет години ме маче и аир да не видат тие што ме мачеа. Опули се, стави дупли наочари Стево ако не гледаш, овој народ е гладен“, рече демонстрантката, објави Макфакс.

Пред Собранието се скандира „оставка“ и „никогаш северна, само Македонија“.

Треба да знаете
Последни објави