Search

Баерн им даде рок на Барселона и Левандовски до сабота

Германскиот фудбалски првак Баерн Минхен му порача на раководството на Барселона дека полскиот напаѓач Роберт Левандовски може да направи трансфер во каталонскиот клуб со обесштетување од најмалку 50 милиони евра, пренесуваат денеска шпанските медиуми, додавајќи оти рокот за изјаснување за понудата истекува в сабота.

– Фудбалерите на Барселона овој викенд заминуваат за Мајами, а тренерот на каталонскиот клуб Чави Ердандез очекува Левандовски што поскоро да ѝ се приклучи на екипата и поради тоа преговорите меѓу двата клуба ќе се интензивираат во следните денови, пишува весникот „Марка”.

Шпанскиот весник наведува дека челниците на Барселона се обидуваат да го убедат раководството на Баерн да ја спушти цената за Левандовски, но германскиот клуб не сака да му дозволи трансфер на полскиот голгетер за помалку од 50 милиони евра.

Барселона има рок да се изјасни за понудата до сабота, кога Баерн ќе го претстави својот тим за новата сезона.

Треба да знаете
Последни објави